Разликата е јасна! Едел-Пром Вашиот доживотен партнер за автостакла!

За НАС!

Повеќе информации за тоа кои сме ние, нашата цел, визија и солуција која ви ја нудиме.

Нашата цел!

Како лидери во нашата област една од најважните работи за нас е нашата посветеност кон нашите клиенти со цел да добијат исклучителен квалитет по прифатлива цена. Ние гарантираме ниска и фер цена, како и најбрза услуга.

Нашата солуција!

Едел-Пром располагa со најпрофесионалнот тим за промена и поправка на автостакла. Ние сме во можност да ги извршиме попрваките на вашето автостакло брзо и сигурно, така што ви ја враќаме довербата во вашето возило што предходно сте ја имале!

Нашата визија!

Едел-Пром го поставува врвниот стандард во автостакло бизнисот во Македонија и пошироко. Основен приоритет ни е сигурноста на нашите клиенти, како и перфекција во услугите кои ги нудиме. Автостаклата во Едел-Пром се секогаш сертифицирани и со највисок светски стандард.

ЕДЕЛ-ПРОМ е компанија која е лидер на македонскиот пазар повеќе од 25 години, исклучиво со продажба и монтажа на автостакла за сите видови на моторни возила (патнички и товарни) кои се во експлоатација на нашите патишта.

Генерални застапници сме на светски познатата компанија за автостакла "PILKINGTON" чии автостакла се употребуваат при прва монтажа во фабриките на повеќето марки на возила во Европа и пошироко, односно ОРИГИНАЛНИ АВТОСТАКЛА.

Исто така увозници на реномираниот Турски прозиводител "OLIMPIA" и "XYG" од Кина, чие производство е наменето за европскиот пазар и ги поседува сите европски стандарди. Соработуваме со најдобриот германски и светски бренд за помагала и материјали за вградување на автостакла ПМА Тоолс од Германија.

ЕДЕЛ-ПРОМ располага со комплетно опремен сервис за монтирање и демонтирање на автостакла за сите патнички и товарни возила. Во отворениот изложбен салон и магацински простор, кој се наоѓа во склопот на целокупниот објект може да ги погледнете сите наши производи.

Дојдете, проверете и ќе се уверите во нашите можности за квалитет и брза услуга.
image
image